Градоначалникот Борче Митевски, техничкиот заменик Mинистер за земјоделие на Република Македонија Цветан Трипуновски, кандидатката од ВМРО ДПМНЕ за пратеник во Собранието на Р.М. Марија Петрушевска и Председателот на Советот на Општина Петровец Горан Ангеловски , денес одблизу сакаа да се информираат и да направат увид за сработеното околу асфалтирањето и канализацијата на улиците со бр. 18 и 20 во населеното место Петровец.
Општина Петровец заврши со асфалтирање на улиците со бр. 18 и 20 во населеното место Петровец кои се во должина од 600 метри а на кои предходно беше поставена канализациона мрежа.Во тек е и доработка на пешачката патека во Петровец во должина од 200 метри.Финансиските сретства дел се обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој во износ од 8.913.507,00 денари како и дел од Буџетот на Општина Петровец во износ од 1.604.431,00 денари.