Вести|

Општина Петровец за потребите на Ј.К.П. – Петровец набави 41 пластични контејнери за собирање на смет. Со оваа набавка значително ќе се подобри комуналната инфраструктура и услугите за собирање и депонирање на смет. Садовите за отпад (контејнерите) ќе се постават на локации на кои во изминатиот период беше констатирано дека се генерираат поголеми количини на отпад.

Со оваа набавка би се задоволиле потребите на јавното комунално претпријатие за собирање на целиот смет на територијата на Општина Петровец.

Comments are closed.

Close Search Window