Вести|

Од Горно Лисиче вчера тргна традиционалниот коњички марш „Илинденски марш 2023“ што треба да заврши на 2 август во Крушево, каде што треба да се приклучат на прославата на најголемиот македонски национален празник – Илинден.

Во црквата „Св. Петар и Павле“ вчера се одржи свечена литургија по што беа испратени 36-те коњаници. Денес коњаницата традиционално како и секоја година пристигна во кругот на Општина Петровец каде беа пречекани од градоначалникот Борче Митевски и претседателот на советот на Општина Петровец Блаже Никчевски, советниците,општинската администрација како и голем број присутни граѓани. Тука учесниците на овој марш беа почестени со освежителни напитоци и доручек пред да го продолжат патот кон Крушево. По едночасовната средба со присутните граѓани кои дојдоа да ја испратат коњаницата, градоначалникот Борче Митевски ги испрати учесниците на маршот и им посака среќен пат до последната дестинација – Мечкин Камен во Крушево.

Comments are closed.

Close Search Window