Вести|

Општина Петровец продолжува со градежните активности поврзани со патната инфраструктура. Во населено место Огњанци во тек е тампонирање на крак на улица 1 (десно од влезот во Огњанци) со тампон во должина од 260 метри.

Градоначалникот Борче Митевски денес беше во населеното место Огњанци за одблиску да се запознае со текот на активностите оклу тампонирањето на оваа улица, која беше во многу лоша состојба. Градежните активности околу патната инфрструктура ќе продолжат и во наредниот период додека временските услови тоа го дозволуваат.

Comments are closed.

Close Search Window