Општина Петровец изврши тампонирање на две улици во населените места Дивље и населба Градманци. Додека се изведуаа градежните активности беа присутни градоначалникот на Општина Петровец – Борче Митевски како и претседателот на Совет на Општина Петровец – Блаже Никчевски. Вкупно беа тампонирани две улици во должина од 1200 метри.
Средствата за овие проекти во целост се обезбедени од Буџетот на Општина Петровец. Градежните активности на инфраструктурните проекти ќе продолжат и во наредниот период кој следи уште во неколку други населени места.