На улица 6 во н.м. Петровец, се отвори 62-та продавница на Стокомак во Македонија. На свеченото отварање присуствуваше градоначалникот Борче Митевски кој беше придружуван од советничката во Советот на Општина Петровец – Јагода Ивановска и директорката на О.О.У. „Кочо Рацин“ од Петровец – Виолета Јаневска.
Оваа инвестиција е уште една од многуте кои придонесуваат за подобрување на квалитетот на живеење во Општина Петровец.