Агенцијата за катастар на недвижности за формирање на Адресен регистар ќе започне со теренско прибирање на графички и атрибутни податоци за улици и куќни броеви, во функција на воспоставување на Графичкиот регистар на улици и куќни броеви во општина Петровец.
Агенцијата за катастар на недвижности, продолжува со активностите за воспоставување на Графичкиот регистар на улици и куќни броеви, кој е основа за формирање на Адресен регистар во Република Северна Македонија.
Теренските активности ќе ги спроведува Друштвото за премер на земјиште, инженеринг и трговија Геофото Зенит инженеринг ДОО, врз основа на потпишан договор за теренско прибирање на податоци за 21 општина, во кои е и општина Петровец.
Со теренското прибирање на податоци за улици и куќни броеви ќе се соберат просторни и описни податоци за улиците и куќните броеви на лице место и ќе се добие јасна слика која улица каде се наоѓа и кои куќни броеви се однесуваат на неа, како и во кое населено место.
Теренското прибирање на податоци за улици и куќни броеви ќе се реализира во период:
• Од 21.05.2021 година до 04.06.2021 година – Општина Петровец (населени места Бадар, Блаце, Брезница, Горно Коњари, Градманци, Дивље, Долно Коњари, Катланово, Кожле, Летевци, Огњанци, Петровец, Р‘жаничино, Средно Коњари, Сушица, Ќојлија и Чифлик);
При извршување на теренските активности овластените геодети, ќе носат соодветна легитимација за идентификација. Ги молиме граѓаните да им излезат во пресрет со споделување на потребните информации и да овозможат фотографирање на објектите.
Од востановениот Адресен регистер придобивки ќе имаат сите државни институции, како и сите правни и физички лица во Република Македонија. Со него ќе се овозможи брз и лесен начин за пребарување и идентификација на улиците, зградите и становите во просторот, ќе се поедностават и скратат роковите за воведување на нови улици и ќе се осигура точност на податоците.
Njoftim (AL) |