Општина Петровец изврши санација на патот Блаце – Кожле, каде на самиот пат имаше големи отвори и расцепи. Извршена е и времена санација на патот позади полициската станица кој води кон гробиштата Петровец бидејки на пролет истиот во целост ќе биде асфалтиран.
Во тек е изградба на пешачка патека во н.м. Петровец која поминува покрај новата општинска зграда. При крај се градежните активности поврзани со изградба на двата крака на улица „7“ и улица „12“ во населено место Петровец каде се поплочуваат со павер елементи. Во план е изградба уште на еден крак на улица „10“ со павер елементи. Општина Петровец ќе продолжи континуирано со градежни активности поврзани со патната и комуналната инфраструктура и во другите населени места додека временските услови тоа го дозволуваат.