
Општина Петровец успешно го реализираше проектот за подобрување на водоснабдувањето во населеното место Чифлик, со што трајно се решава долгогодишниот проблем со недостиг на вода за домаќинствата.
Овој инфраструктурен зафат е продолжение на претходните активности на Општината, со кои веќе беше подобрено водоснабдувањето во населените места Сушица, Блаце, Тотинци и Кожле.
Со завршувањето на овој проект, жителите на Чифлик ќе располагаат со стабилен и зголемен притисок на вода, што значително ќе придонесе кон подобрување на квалитетот на живот и здравствено-хигиенските услови во населеното место.
Општина Петровец останува посветена на инвестирање во инфраструктурата и подобрување на условите за живот во сите населени места на својата територија.