Вести|

Општина Петровец изврши реконструкција на три улици во трите населени места Петровец, Летевци и Градманци. Во населено место Петровец се тампонираше крак на улица „22“ во должина од 250 метри.

Во населено место Летевци се изврши санација и тампонирање на локален пат во должина од 800 метри, додека на патот од Катланово (црквата Св. Недела) до населеното место Градманци се изврши санација, проширување и тампонирање на овој локален пат. Финансиските средства за санацијата на овие локални патишта во целост се обезбедени од Буџетот на Општина Петровец во вкупна вредност од 899.300 денари.

Comments are closed.

Close Search Window