Вести|

Во населеното место Долно Коњари се пушти во употреба улицата која води до муслиманските гробишта на ова населено место. Улицата е во должина од 400 метри со два паркинг простори и целосно е поплочена со павер елементи (бекатон плочки).


Вредноста на овој проект изнесува 2.600.000 денари, додека финансиските средства се обезбедени од Буџетот на Општина Петровец. На пуштањето во употреба на оваа улица присуствуваше градоначалникот Борче Митевски, дел од советниците од Советот на Општина Петровец, дел од џамискиот одбор, како и жители од ова населено место.

Градоначалникот Митевски беше топло примен од жителите на Долно Коњари, кои воедно му изразија голема поддршка но и благодарност за се што е сработено од страна на општината, како што се комуналната инфраструктура, спортски објекти, проекти поврзани со образованието и слично. Општина Петровец продолжува да работи со голем интензитет во интерес на сите жители од општината, во сите населени места каде тоа е потребно.

Comments are closed.

Close Search Window