На 15.06.2021 година, свечено со сечење на лента, официјално се пушти во употреба главната улица во населено место Ќојлија. На оваа свеченост покрај градоначалникот Борче Митевски и претставници од Советот на Општина Петровец присуствуваа и дел од жителите на ова населено место. Станува збор за улица долга 650 метри која е целосно асфалтирана. Финансиските средства во висина од 3.200.000 денари во целост се обезбедени од Буџетот на Општина Петровец.
Градоначалникот Митевски се обрати пред присутните жители и им укажа за сработеното но и за плановите на Општина Петровец за ова населено место, кои треба да се остварат во периодот кој следи.
Дел од жителите на Ќојлија, јавно му искажаа поддршка и голема благодарност на градоначалникот, за се што е сработено и реализирано во населеното место Ќојлија.
Градежни активности поврзани со инфраструктурата се вршат уште во седум други населени места, се со една цел, да се излезе во пресрет на целокупното население на територијата на Општина Петровец.