Вести|

Градоначалникот на Општина Петровец – Борче Митевски беше во населено место Сушица каде пушти во употреба објект во кој се сместени Културниот Дом, Месната Заедница и уште три други простории за потребите на месното население. Клучевите од просториите градоначалникот ги предаде на претставник од Месната Заедница на населено место Сушица.

Станбениот објект е целосно реконструиран и истиот доби модерен изглед со посебни простории, кои може месното население да ги користи за потреби од заедничко добро. Реконструкцијата на објектот во целост е финансиран од Буџетот на Општина Петровец, а средствата одвоени за овој проект се во висина од 1.398.300 денари. Општина Петровец продолжува со исполнување на ветувањата дадени на жителите од сите населени места, се со една цел – подобрување на условите за живот.

Comments are closed.

Close Search Window