Градоначалникот Борче Митевски заедно со директорот на ЈКП Петровец – Андрејчо Гроздановска, дел од советниците од Советот на Општина Петровец како и дел од жителите на улица 2, свечено со сечење лента ја пуштија во употреба улица 2 во населено место Ржаничино која е целосно асфалтирана. Улицата е во должина од 900 метри. Финансиските средства за изградба и асфалтирање на улицата се во износ од 4.200.000,00 денари, средства во целост обезбедени од Буџетот на Општина Петровец.
Жителите кои присуствуваа на оваа свеченост,изразија голема благодарност до градоначалникот Митевски за остварувањето на предизборното ветување за асфалтирање на улица 2 во целост. Градежните активности поврзани со инфраструктурата ќе продолжат и во летниот период, во сите населени места каде тоа е потребно.