Вести|

Денес заѕвони првото училишно ѕвонче за најмалите ученици – првачињата, со што официјално започна новата учебна година.

Во ООУ „Кочо Рацин“ во Петровец се одржа пригодна манифестација на која присуствуваа градоначалникот на Општина Петровец, Борче Митевски, претседателот на Советот на Општина Петровец, Златко Ацевски, директорката на училиштето Виолета Јаневска, како и голем број родители.

Пред присутните се обратија директорката Виолета Јаневска и градоначалникот Борче Митевски. Градоначалникот им посака на првачињата успешен почеток на првиот училишен час, со желби за постигнување одличен успех, лесно совладување на наставата и многу радосни моменти во училишните денови.

Со оваа свеченост, Општина Петровец ја потврдува својата посветеност кон поддршката на образованието и создавањето најдобри услови за развој на младите генерации.

Comments are closed.

Close Search Window