Вести|

Екипата на ЈКП Петровец го проби патот до населено место Дивље. Тоа беше последното населено место до кое поради снежната покривка и наносите од снег пристапот со лесни возила беше отежнат.

На лице место беше присутен и градоначалникот Борче Митевски за одблиску да го следи текот на расчистувањето на патот. Дел од патот каде сеуште имаше наслаги од мраз беше посипан со сол за да проодноста на тој дел од патот биде олесната за движење на возилата.

Comments are closed.

Close Search Window