По повод почетокот на новата учебна година 2022/23 година градоначалникот Борче Митевски присуствуваше на манифестацијата за прием на првачиња во ООУ „Кочо Рацин“ во Петровец.
Градоначалникот се обрати пред првачињата и присутните наставници и родители и им посака успешна соработка со цел лесно совладување на наставната програма.
На овој ден, првачињата го прават најважниот чекор во својот живот, справувајќи се со разни предизвици и моменти.
На овој свечен ден за првачињата, покрај градоначалникот Борче Митевски присуствуваше и Пратеничката во Собранието на Република Македонија – Марија Петрушевска, кои заедно со директорката на училиштето Виолета Јаневска поделија чoколади на сите првачиња. Воедно градоначалникот ги информираше родителите на првачињата дека на секое прваче му следуваат по 4.000 денари согласно одлуката која едногласно ја донесе Советот на Општина Петровец, средства кои ќе бидат исплатени од Буџетот на Општина Петровец.
Воедно претседателот на Советот на Општина Петровец Блаже Никчевски и дел од советниците поделија чоколади и во останатите подрачни училишта.