Во Општина Петровец пристигнаа планинарите кои по 17-ти пат го одат патот од Струмица до вечното почивалиште на загинатиот претседател на Република Македонија – Борис Трајковски. Традиционално како и секоја година така и оваа, градоначалникот Борче Митевски организира кратка средба со учесниците во овогодинешниот марш во дворот пред општинската зграда, каде беа почестени со топол напиток и освежителни пијалоци.
![](https://petrovec.gov.mk/wp-content/uploads/2022/03/274723663_3222686794667855_8204321501382856703_n-1024x576.jpg)
На оваа средба присуствуваа претседателот на Советот на Општина Петровец – Блаже Никчевски, советникот Александар Јаневски, директорката на ООУ „Кочо Рацин“ од Петровец – Виолета Јаневска како и дел од општинската администрација. Порaди ковид протоколите средбата се одржа на отворено и по полчасовен разговор учесниците на маршот го продолжија патот кон последната дестинација – вечното почивалиште на загинатиот претседател на Република Македонија – Борис Трајковски.
![](https://petrovec.gov.mk/wp-content/uploads/2022/03/274792153_3222686844667850_3948303206436525721_n-1024x576.jpg)
![](https://petrovec.gov.mk/wp-content/uploads/2022/03/274684952_3222686514667883_1719867145047946889_n-1024x576.jpg)
![](https://petrovec.gov.mk/wp-content/uploads/2022/03/274641703_3222686478001220_8689412814528692096_n-1024x576.jpg)
![](https://petrovec.gov.mk/wp-content/uploads/2022/03/274735051_3222687084667826_2423262253457896183_n-1024x576.jpg)
![](https://petrovec.gov.mk/wp-content/uploads/2022/03/274712034_3222686501334551_553110594771052217_n-1024x576.jpg)