Градоначалникот на Општина Петровец – Борче Митевски во придружба со пратеничката од Собранието на Република Македонија – Марија Петрушевска, претседателот на Советот на Општина Петровец – Блаже Никчевски и директорката на ООУ „Кочо Рацин“ Петровец – Виолета Јаневска, денес го посетија населеното место Горно Коњари.
Во тек е градежна активност поврзана со поставување на одводна канализација на претпоследната улица во ова населено место која е без канализациона мрежа. Со поставување на оваа одводна канализација која е во должина од 300 метри, приклучок кон оваа мрежа ќе добијат повеќе од дванаесет домаќинства. Средствата за овој проект во целост се обезбедени од Буџетот на Општина Петровец. Ова е уште едно остварено ветување кон жителите на ова населено место од страна на градоначалникот Борче Митевски.