Вести|

Градоначалникот на Општина Петровец – Борче Митевски, заедно со дел од советниците од Советот на Општина Петровец ги посетија двете централни и останатите подрачни училишта и по повод новогодишните празници поделија на дечињата до трето одделение вкупно 660 новогодишни пакетчиња.

Воедно пакетчиња беа доделении на сите дечиња во детската градинка „Авионче“ во Петровец. Градоначалникот Митевски најави дека оваа традиција ќе продолжи и во наредните години со цел дечињата новогодишните празници да ги поминат посреќни и повесели.

Comments are closed.

Close Search Window