Во населбата Тотинци (горно маало) денес конечно после десетдневна тешка работа на вработените од ЈКП Петровец од Петровец пуштена е во употреба водоводната мрежа и е отстранет дефектот на системот. Знаеме дека проблемот со вода е е еден од најголемите комунални проблеми особено кога високите температури го достигнуваат и 40-тиот степен. Но благодарение на ангажираноста на вработените од ЈКП Петровец кои и покрај горештините кои овие денови ја зафатија Македонија, не штедејќи се себе си успеава да ја пуштат водоводната мрежа во Тотинци.
![](https://petrovec.gov.mk/wp-content/uploads/2024/07/thumb-1-1024x768.jpg)
Благодарност до жителите од овој дел на Катланово кои беа стрпливи додека траеше работата на мрежата и останаа без вода за време на рабаотата на службите на ЈКП Петровец. Проблем со водоснабдување има и населеното место Дивље каде деновиве се појави недостаток на вода во бунарите, а причина за тоа е намалената количина на вода која доаѓа до бунарите од самите бушотини. Во тек се превземање на активности за решавање на водоснабдувањето на ова населено место.
![](https://petrovec.gov.mk/wp-content/uploads/2024/07/417518507_3872420113027850_6138508985400953270_n-1-771x1024.jpg)
![](https://petrovec.gov.mk/wp-content/uploads/2024/07/448893800_3872420193027842_3414141999678535533_n-1-771x1024.jpg)
![](https://petrovec.gov.mk/wp-content/uploads/2024/07/448927226_3872420119694516_3818812717951141805_n-1-771x1024.jpg)
![](https://petrovec.gov.mk/wp-content/uploads/2024/07/448929965_3872420106361184_4960879097498920310_n-1-771x1024.jpg)