Вести|

Републичкото здружение на децата бегалци и нивните потомци од Егејскиот дел на Македонија „Т’га за Југ“ го организираа проектот „Младите Креатори На Нашата Иднина 2022“ во просториите на Катлановска Бања. На оваа манифестација каде младите учествуваа во културните изведби на теми поврзани со Граѓанската војна во Грција (1946 -1949), присуствуваше градоначалникот Борче Митевски, претседателот на Советот на Општина Петровец – Блаже Никчевски како и претседатели и претставници од повеќе здруженија, и секако младинци од неколку градови од Македонија.

Од организаторот на оваа манифестација Евгенија Николовска на градоначалникот Борче Митевски му беше врачена благодарница за учество во проектот. Воедно пред спомен-плочата на ранетите и починатите Македонци и Грци борци на ДАГ кои се лекуваа во болницата во Катлановска Бања од 1947-1948 година градоначалникот Борче Митевски со претставници од Општина Петровец и претставници од останатите здруженија положија свежо цвеќе.

Comments are closed.

Close Search Window