Вести|

Во населено место Огњанци, во тек е изградба на улица во должина од 170 метри. Истата треба да биде поплочена со павер елементи (бекатон плочки). Ширината на улиците е четири метри и истата треба да биде завршена до средината на месец февруари.

Средствата за овој проект во целост се обезбедени од Буџетот на Општина Петровец. Градежните активности поврзани со инфраструктурата продолжуваат и во наредниот период кој следи, на целата територија на Општина Петровец.

Comments are closed.

Close Search Window
Големина на фонт