Вести|

На 25.06.2023 година (недела) со брза интервенција на вработени од Општина Петровец со противпожарното возило, каде беше присутен и градоначалникот Борче Митевски, учествуваа во гасењето на пожарот кој зафати голема површина на житна култура.

Благодарение на брзата интервенција со општинското противпожарно возило, проширувањето на пожарот беше спречено со што десетици хектари со жито во атарот на Ржаничино беа спасени од пламените јазици на огнот. Во гасењето на пожарот ушествуваше и едно возило од ППС Автокоманда – Скопје, а беа присутни и претставници од МВР. Градоначалникот Митевски уште еднаш упатува АПЕЛ до жителите на Општина Петровец да не фрлаат запалени отпушоци и да не се пали оган на отворен простор, бидејки последиците од пожар во овој период од годината може да бидат катастрофални како од еколошки така и од економски аспект.

Comments are closed.

Close Search Window