Објави|

ОПШТИНА ПЕТРОВЕЦ
ИСПРАВКА НА ОБЈАВА бр.60
за отуѓување на градежно земјиште сопственост на

Република Северна Македонија по пат на електронско јавно наддавање во Општина Петровец

Во Објавата бр.60 за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија по пат на електронско јавно наддавање во Општина Петровец, објавена во дневните весници Вечер и Нова Македонија од 04.06.2021 година и Лајм од 07.06.2021 година и во Службен весник на Република Северна Македонија бр.124 од 07.06.2021 година, согласно член 56 од Законот за градежно земјиште (Службен весник на РМ бр.15/15, 98/15, 193/15, 226/15, 31/16, 146/16 и 190/16), се вршат следниве исправки:

По точка бр.3 од делот „Банкарска гаранција за сериозност на понудата“, се додава:

Точка бр.4. Подносителот на пријавата има обврска банкарската гаранција да ја достави писмено преку архивата на Општина Петровец до „Комисија за спроведување на постапки за јавно наддавање на градежно земјиште“ во оригинал, во затворен коверт со назнака „не отварај“, во рок определен за поднесување на пријавите заклучно со 19.07.2021 година.

По точка бр.1 од делот „Постапка“, се додава:

Точка бр.2. На денот на оддржување на електронското јавно наддавање, учесниците пристапуваат на интернет страна со корисничкото име на пријавата за учество на јавното наддавање.

Точката бр.10 од делот „Постапка“ се дополнува со:
Државното Правобранителство на Република Северна Македонија е должно да достави мислење по однос на нацрт-текстот на Договорот во рок од 30 дена од добивањето на Барањето. Доколку во овој рок, Државното Правобранителство на Република Северна Македонија не достави Мислење, истото ќе се смета за позитивно.

Точката бр.12 од делот „Постапка“ се дополнува со:

Најповолниот понудувач е должен во рок од 15 дена од денот на известувањето за избор на најповолен понудувач да ги уплати средствата согласно постигнатата крајна цена на наддавањето како и за трошоци на постапката во висина од 10% од вредноста на банкарската гаранција за сериозност на понудата, но не повеќе од 15.000 денари и до Комисијата да достави доказ за извршената уплата.

Точката бр.15 од делот „Постапката“ се заменува со нова точка:

Во рок од 5 (пет) работни дена по доставување на доказ за извршена уплата и доставување на целокупната документација потребна за учество на јавното наддавање, Градоначалникот на Општина Петровец во име на Република Северна Македонија склучува Договор со најповолниот понудувач за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија, во електронска форма преку електронскиот систем.

Точката бр.16 од делот „Постапка“ се дополнува на почетокот на истата со:

По склучување на договорот, Општина Петровец во рок од 1 (еден) ден електронски го доставува договорот до Одделението за даноци при Општина Петровец за утврдување на данок на промет на недвижности. Купувачот е должен во рок од 15 (петнаесет) дена од добивањето на Решението за утврдување на данок на промет за недвижноста, да го плати данокот и да достави доказ за извршена уплата до Општина Петровец.

Точката бр.17 од делот „Постапка“ се менува со нова точка бр.17:

Со договорот купувачот се обврзува во рок од 9 (девет) месеци од извршената солемнизација на договорот да обезбеди одобрение за градба на предвидениот објект согласно урбанистичкиот план по кој земјиштето е отуѓено, за градежните парцели со површина до 5.000 м2, односно во рок од 12 (дванаесет) месеци од извршената солемнизација на договорот за градежните објекти над 5.000 м2 и да ги изгради објектите согласно Урбанистичкиот по кој земјиштето е отуѓено, во рок не подолг од 2 (две) години од добивање на Правосилно Одобрение за градење за објекти со бруто изградена површина до 1.000 м2, согласно добиеното Одобрение за градење, односно во рок од 4 (четири) години од добивање на Правосилно Одобрение за градење за објекти со бруто изградена површина над 1.000 м2 согласно добиеното Одобрение за градење. Минималниот процент кој треба да биде изграден од вкупно развиената површина за градење предвидена со Урбанистичкиот план за предметната градежна парцела, не смее да биде помалку од 30% (триесет проценти). Доколку купувачот не обезбеди одобрение за градење во определениот рок или објектот не се изгради во определениот рок по вина на купувачот, истиот ќе има обврска да плаќа договорна казан за непочитување на роковите, во висина од 1,5% од вкупно постигнатата цена на јавното наддавање на предметото земјиште за секој изминат месец во првата година од истекот на рокот, односно 3% од вкупно постигнатата цена на јавното наддавање на предметното земјиште за секој изминат месец во втората година од истекот на рокот, односно 4,5% од вкупно постигнатата цена на јавното наддавање на предметнотно земјиште за секој изминат месец во третата и за секоја наредна година од истекот на рокот.

По точката бр.21 од делот „Постапка“ се додаваат нови точки на истата, така што:

Точка бр.22. Неисполнувањето на обврските од член 75 став (1) точка 7 од Законот за градежно земјиште, односно по паѓање на купувачот, односно закупецот, во задоцнување со исполнување на обврската три месеци последователно, претставува основ отуѓувачот, односно закуподавачот по три последователни месечни повици за извршување, како доверител, со изјава за неисполнување на обврските од Договорот, да побара потврда за извршност на договорот, односно да побара наплата на договорената казна што претставува и основ за еднострано раскинување на Договорот, при што 80% од вкупната сума од отуѓувањето, односно давањето под долгорочен закуп, не му се враќаат на купувачот, односно закупецот.

Точка бр.23. Купувачот има обврска за плаќање на данок на промет и нотарски трошоци во случај на раскинување на договор по вина на купувачот.

Точка бр.24. Градежното земјиште сопственост на Република Северна Македонија, кое е предмет на објавата се до исполнување на обврските од Договорот, не може да биде дел од стечајна маса.

Точка бр.25. Сопственикот на градежното земјиште, стекнато во постапка за отуѓување по пат на јавно наддавање, не смее истото да го пренесува на трети лица, пред исполнување на обврските од договорот за отуѓување на истото. Забраната за пренесување на трети лица се прибележува во јавната книга за запишување на правата на недвижностите во Агенцијата за катастар на недвижности.

Исклучок од ова е доколку сопственик на градежно земјиште е странско правно лице, градежното земјиште стекнато во постапка за отуѓување по пат на јавно наддавање може да го пренесе во сопственост на домашно правно лице, во кое странското правно лице мора да биде единствен сопственик се до моментот на исполнување на обврските од Договорот за отуѓување на градежно земјиште по пат на јавно наддавање.

ОПШТИНА ПЕТРОВЕЦ
ГРАДОНАЧАЛНИК
Борче Митевски

Comments are closed.

Close Search Window