По повод предстојниот муслиманскиот празник Рамазан Бајрам градоначалникот Борче Митевски традиционално секоја година доделува хуманитарни пакети со прехранбени артикли за социјално најранливата категорија на семејства на целата територија на Општина Петровец. Денес се поделија 90 хуманитарни пакети со прехранбени артикли.
Во делењето на хуманитарните пакети учество земаа и председателот на Советот на Општина Петровец – Блаже Никчевски, Советниците од Советот – Елми Керими, Шеќо Личина, Маријан Андреевски, како и други лица вработени во општинската администрација.
Хуманитарни акции ќе продолжат и во иднина, за да им се помогне на семејствата од социјално најранлива категорија, празникот Рамазан Бајрам да го поминат во пријатни празнични моменти.