Вести|

Градоначалникот на Општина Петровец – Борче Митевски, заедно со Маја Димовска од АД Водостопанство на Република Македонија, подружница Скопско Поле – Скопје, излегоа на терен одблиску да се запознаат со активностите околу чистењето на каналската мрежа.

Се исчистија неколку канали во атарот на населеното место Петровец како и атарот на Огњанци посебно главниот канал кој ги носи водите кон реката Вардар преку пумпниот систем кој е во близина на населеното место Таор. Се чистат сисавците и сите оние одводни канали кои имаат за цел насобраните води од поројните дождови да ги исцедат од населените места Петровец, Ржаничино и Огњанци како би се избегнало поплавувањето на дворовите и подрумските простории. Овие активности поврзани со чистење на каналската мрежа ќе продолжат и во наредниот период додека не се постигне во целост функционирањето на каналската мрежа.

Comments are closed.

Close Search Window