Во мултифункционалната зона Ќојлија, денес се асфалтираше дел од улицата каде индустриските објекти се целосно завршени и истите се во функција. Улицата која се асфалтира е во должина од 200 метри а покрај истата е изработена и пешачка патека која е поплочена со павер елементи.
Градоначалникот Борче Митевски денес беше на лице место во мултифункционалната зона Ќојлија, за одблиску да се запознае со текот на активностите поврзани со асфалтирањето на дел од улицата. Финансиските средства за овој проект во целост се обезбедени од Буџетот на Општина Петровец.
Асфалтирањето и на преостанатите улици во зоната ќе продолжи во периодот кој следи, секаде каде индустриските објекти се ставени во функција.