Општина Петровец забрзано продолжува со градежна офанзива во реконструкција и изградба на патната инфраструктура во населените места Петровец, Ржаничино и Ќојлија.
Во моментов се работи на пет улици во овие населени места и тоа два краци на ул.1 во населено место Ржаничино, крак на ул.12 и крак на ул.6 во населено место Петровец со вкупна должина од 550 метри, како и улица во населено место Ќојлија во должина од 250 метри. Се очекува во краток период истите да бидат асфалтирани.