Денес се одржа четвртиот меморијален меѓународен турнир во бокс во Куманово „Мирослав Петровиќ“. И оваа година честа да го отвори овој турнир му припадна на градоначалникот на Општина Петровец Борче Митевски и поранешен вицешампион на поранешна Југославија.
Тој се обрати пред присутните учесници и присутни гледачи и им посака среќа и успех на турнирот на сите натпреварувачи и секако да победи најдобриот.
Боксерскиот Клуб „Куманово 84“ му додели пехар на Митевски за вложувањето и придонесот за развојот на боксот во Куманово.
![](https://petrovec.gov.mk/wp-content/uploads/2024/06/448523181_3866777526925442_3341201183332249788_n-1024x478.jpg)