Вести|

Денес, во населено место Петровец, во непосредна близина на ООУ „Кочо Рацин“ се постави камен-темелник на нова детска градинка со капацитет на сместување од 65 дечиња. На овој свечен чин присуствуваше и претседателот на ВМРО ДПМНЕ – Христијан Мицкоски, пратеничката во Собранието на Република Македонија – Марија Петрушевска, претседателот на Советот на Општина Петровец – Блаже Никчевски, советниците од Советот на Општина Петровец, претставници од Скопски Плански Регион, претставници од медиумите како и претставници на јавните претпријатија, дел од општинската администрација и други жители од општината и надвор од неа.

Со изградбата на овој значаен објект за жителите на општина Петровец ќе се реши проблемот со немањето на место за прием на нови дечиња за кои постои реална потреба. Објектот ќе биде со површина од 350 m2. Во првата фаза на градба од Скопски Плански Регион од Бирото за Регионален Развој ке бидат доделени 5.000.000 денари додека од Општина Петровец ќе бидат издвоени 3.300.000 денари. За втората а воедно и завршната фаза од Буџетот на Општина Петровец ќе бидат издвоени уште 12.000.000 денари. Општина Петровец ќе продолжи и во иднина да вложува во инфраструктурни објекти се со цел да се задоволат потребите на населението кое живее на целата територија на Општина Петровец.

Comments are closed.

Close Search Window