По повод муслиманскиот празник Рамазан, градоначалникот Борче Митевски организираше заеднички Ифтар кој традиционално го организира секоја година долги години наназад. Ифтарот се одржа во ООУ „Братство и Единство“ во Средно Коњари, каде присуствуваа преку 300 верници.
На овој верски чин покрај градоначалникот Борче Митевски присуствуваше и претседателот на Советот на Општина Петровец Блаже Никчевски, кои воедно остварија кратки средби со присутните граѓани. Присутни беа и дел од советниците од Советот на Општина Петровец – Елми Керими и Шеќо Личина кои помогнаа во организацијата на Ифтарот за се да помине во најдобар ред.