Одлуки|

Врз основа на член 65, став (6) од Законот за животната средина (Сл. Весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 111/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 99/18) и (Сл. Весник на РСМ бр. 89/22 и 171/22), Општина Петровец на ден 22.03.2023 година, донесе

Одлука за спроведување на стратегиска оцена

  1. За планскиот документ Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена В2.6 Бања и лечилиште со престој и нега, на КП 87/1, 87/2, 88, 89 и дел од 86/7, КО Катланово, општина Петровец кој го донесува општина Петровец потребно е да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животната средина.
  2. Како органи засегнати од имплементација на планскиот документ Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена В2.6 Бања и лечилиште со престој и нега, на КП 87/1, 87/2, 88, 89 и дел од 86/7, КО Катланово, општина Петровец се: општина Петровец, Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерство за економија, Министерство за транспорт и врски, ЕВН, Мепсо, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.
  3. За планскиот документ Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена В2.6 Бања и лечилиште со престој и нега, на КП 87/1, 87/2, 88, 89 и дел од 86/7, КО Катланово, општина Петровец, за чија изработка е одговорен Зум Проект Скопје, а го донесува општина Петровец, донесувањето на планскиот документ Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена В2.6 Бања и лечилиште со престој и нега, на КП 87/1, 87/2, 88, 89 и дел од 86/7, КО Катланово, општина Петровец ќе има влијание врз животната средина.
  4. Обемот на извештајот за стратегиска оцена треба да ги опфати следните аспекти: влијание врз подземните и површинските води, влијание врз почвата, влијание по однос на генерирање на комуналeн и градежен отпад, влијание врз биодиверзитеот, влијание врз амбиентниот воздух и влијание од несреќи и хаварии.
  5. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на општина Петровец на следната веб адреса/и: www.petrovec.gov.mk

Општина Петровец
Градоначалник
Борче Митевски

Формуларpdf

Comments are closed.

Close Search Window