Во О.О.У. „Кочо Рацин“ – Петровец денес се организираше НОВОГОДИШЕН БАЗАР со изведба на кратка културно – уметничка програма на КУД „ЕТНО ЅУНИЦА“ – Петровец. Градоначалникот Борче Митевски присуствуваше на овој настан, каде можеше да се купат преубави прехранбени производи, разни видови на слатки и новогодишни украси кои што заеднички ги изработија наставници, родители и ученици.
Финансиските средства кои ќе бидат собрани од овој новогодишен базар од продажбата на производите, ќе бидат донирани во хуманитарни цели.