Вести|

По повод празникот 23 Октомври, Денот на основањето на македонската револуционерна организација во Солун (ВМРО), Ви го честитаме Денот на македонската револуционерна борба.

За потсетување, на 23 октомври 1893 година во куќата на книжарот Иван Хаџи Николов во Солун, шестмина македонски интелектуалци: Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев ги поставија темелите на Организацијата со што македонското национално-ослободително движење доби организиран облик, со мисија борба за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош од странски земји. Формирањето на ВМРО значело почеток на организираното македонско револуционерно движење.


НЕКА Е ЧЕСТИТ И ВЕКОВИТ ПРАЗНИКОТ НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА ОРГАНИЗАЦИЈА.

Comments are closed.

Close Search Window