Вести|

Општина Петровец изврши целосно оградување на училишното спортско игралиште во дворот на ПОУ „Братство и Единство“ во Долно Коњари, а за учениците се набавија и комплет голови со нови мрежи, како и кош за баскет, каде децата може слободно и безбедно да спортуваат.

Пред населеното место Бадар, а по барање на жителите од ова населено мерсто, извршено е проширување и тампонирање на проширениот дел од патот, за да можат возилата непречено да се движат и разминуваат по истиот. Патот е проширен и тампониран во должина од 650 метри. Финансиските средства за овие проекти во целост се обезбедени од Буџетот на Општина Петровец. Вакви и слични активноти ќе продолжат и во нарениот период во сите населени места каде тоа е потребно.

Comments are closed.

Close Search Window