Градоначалникот Борче Митевски заедно со председателот на Совет на Општина Петровец – Блаже Никчевски и директорката на ООУ „Кочо Рацин“ од Петровец – Виолета Јаневска, беа во подрачното училиште „Кочо Рацин“ во Огњанци. Таму одблиску се запознаа со сработеното околу целосната реконструкција на ова подрачно училиште.
Во ова училиште шест стари врати беа заменети со нови ПВЦ внатрешни врати, поставени се 15 нови прозорски стакла, нова влезна врата, олуци како и реновирање на надворешната и внатрешната фасада. Накратко остварија средба со учениците од ова училиште, на кои им беше укажано да се грижат за ентериерот и хигиената во и околу училишната зграда за да се чувствуваат попријатно при изведување на наставата.