Вести|

По поставување на одводната канализациона мрежа во Петровец (Бошњачка населба), Општина Петровец започна со градежни инфраструктурни активности со тампонирање и припрема за асфалтирање на сите улици во оваа населба. Станува збор за три улици во овој дел од Петровец на кои деновиве интензивно се работи а кои се со вкупна должина од 510 метри.

Градоначалникот Борче Митевски заедно со председателот на Совет на Општина Петровец – Блаже Никчевски и директорката на ООУ „Кочо Рацин“ Петровец – Виолета Јаневска, беа во Бошњачка населба додека се вршеа градежните активности на улиците. Тука остварија средба со дел од жителите каде ги слушнаа нивните барања но и благодарност за се што е сработено до сега.

Финансиските средства за изработка и асфалтирање на улиците во целост се обезбедени од Буџетот на Општина Петровец, а се очекува асфалтирањето на улиците да заврши до крајот на месец Септември.

Comments are closed.

Close Search Window