Во просториите на Општина Петровец, претседателот на Синдикатот на УПОЗ – Трпе Деаноски и претседателот на СО при Општина Петровец – Елена Младеновска од едната страна и градоначалникот на Општина Петровец – Борче Митевски од другата страна, беше потпишан колективниот договор за вработените во Општина Петровец, преку кој државните службеници во општината ќе добијат усогласување на платите како и поголеми работнички права.