Градоначалникот Борче Митевски заедно со директорката на ООУ „Кочо Рацин“ од Петровец – Виолета Јаневска, беа во подрачното основно училиште „Кочо Рацин“ во Огњанци за одблиску да се запознаат со градежните активности поврзани со санацијата на училиштето.
Во моментот се работи на поставувањето на внатрешната и надворешната фасада како и на целосна замена на внатрешните врати. Се предвидува овие активности целосно да завршат до почетокот на Септември.