Денес, по повод најголемиот Македонски празник 2-ри Август – ИЛИНДЕН, Ви го честитаме овој голем празник, ден кој треба да не обединува, денот кој треба секогаш да не потсетува на големиот број револуционери и борци кои го дале својот живот за слобода и сопствена Македонска држава.
ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ треба да ни биде инспирирација за да продолжиме со борбата за чест, за права и за национално достоинство, бидејки таквата борба никогаш не запира.
Нека ни е честит и вековит најголемиот македонски празник ИЛИНДЕН !