Вести|

Традиционално секоја година по повод новогодишните празници, градоначалникот Борче Митевски заедно со Советниците од Советот на Општина Петровец и директорите на двете централни основни училишта, денес поделија 500 новогодишни пакетчиња на дечињата до трето одделение.

Новогодишни пакетчиња беа поделени во сите шест подрачни и во двете централни училишта каде се изведува физичка настава. Градоначалникот Митевски се обрати пред учениците и на сите им посака многу здравје и Среќни новогодишни празници.

Comments are closed.

Close Search Window