Општина Петровец за потребите на ЈКП Петровец изврши набавка на 47 контејнери и 391 канта за собирање на смет. Со оваа набавка, која во целост е финансирана со средства од Буџетот на Општина Петровец, значително ќе се подобри комуналната инфраструктура и услугите за собирање и депонирање на смет. Контејнерите ќе се постават на локации на кои во изминатиот период беше констатирано дека се генерираат поголеми количини на отпад додека кантите за смет ќе бидат поделени на домаќинствата кои сеуште ги немаат обезбедено за депонирање на домашниот смет.
Со овој потег Општина Петровец вложува во обезбедување на чиста и здрава животната средина, како во урбаните така и во руралните населени места се со една цел, што помалку смет на улиците и јавните површини на целата територија на Општина Петровец.