Вести|

По повод претстојниот муслимански празник Рамазан Бајрам, општина Петровец и градоначалникот Борче Митевски заедно со фирмата ЏАНВИКИ ДОО раководена од управителот Виолета Младеновска и дел од советниците од Советот на Општина Петровец, доделија 150 хуманитарни пакети со храна за социјално-најранливата категорија на лица.

Беа посетени неколку населени места во општината и беше доделена хуманитарна помош на 150 семејства, немоќни, стари и изнемоштени лица, кои го слават муслиманскиот празник Рамазан Бајрам.
Вакви и слични акции со доделување на хуманитарни пакети Општина Петровец организира неколку пати во годината, се со цел да им се помогне на социјално загрозените лица, во рамки на можностите на општината.

Comments are closed.

Close Search Window