Вести|

Во населено место Ржаничино се пушти во употреба ул.5 која е целосно асфалтирана. На отварањето покрај градоначалникот Борче Митевски присуствуваше и председателот на Совет на Општина Петровец – Горан Ангеловски, директорот на ЈКП Петровец – Андреја Гроздановски, како и неколку советници од Советот на општината.

Улицата е во должина од 330 метри а нејзината изработка чини 2.500.000 денари. Финансиските средства за овој проект во целост се обзбедени од Буџетот на Општина Петровец. Присутните жители од оваа улица му изразија голема благодарност на градоначалникот за исполнувањето на предизборните ветувања. Градежните активности поврзани со инфраструктурата продолжуваат и во наредниот период во сите населени места се до целосно реализирање на планираното.

Comments are closed.

Close Search Window