Врз основа на член 65 став(6) од Законот за животна средина (Сл. Весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 99/18), Општина Петровец, на ден 13.04.2021 година, донесе
Одлука за Неспроведување на стратегиска оцена
- За планскиот документ Локална урбанистичка планска документација, за базна станица за мобилна телефонија _ БТС Тунел Катланово на дел од КП 21/1, КО Бадар.м.в. Рамниште Општина Петровец, кој се носи согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање, не е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина.
- Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Петровец, www.petrovec.gov.mk
- Согласно критериумите за определување на тоа дали еден плански документ има влијание врз животната средина од член 65 став (4) од Законот за животна средина и врз основа на податоците од Прилог 2 на Правилникот за формата, содржината и образецот на одлуката за спроведување, односно неспроведување на стратегиска оцена и формуларите за потребата од спроведување, односно неспроведување на стратегиска оцена донесувањето на планскиот документ Локална урбанистичка планска документација, за базна станица за мобилна телефонија _ БТС Тунел Катланово на дел од КП 21/1, КО Бадар.м.в. Рамниште Општина Петровец, нема да има негативно влијание врз животната средина од следните причини: до планскиот опфат ќе се приоѓа преку постоечка сообраќајница и површината на планскиот опфат е исклучително мала и изнесува 12.5 м 2 . На овој простор се организира функционална урбанистичка целина со нaмена базна станица. Со ваква намена ќе се зголемат расположливите капацитети на мобилни услуги со што ќе се создадат позитивни импулси и ефекти врз целото непосредно опкружување и од аспект на повисока организација и уреденост на просторот и инфраструктурна опременост и начин на живеење.
- Против оваа Одлука може да се поднесе жалба до Министерството за животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страната.
ОПШТИНА ПЕТРОВЕЦ
Градоначалник
Борче Митевски дипл. есс
СЕА формулар |