Градоначалникот на Општина Петровец – Борче Митевски, заедно со Македонската православна црква – Охридска Архиепископија со благослов на Архиепископот г.г. Стефан, поделија 35 хуманитарни пакети со хигиенски средства и прехранбени продукти за социјално најранливите категории на семејства на територија на Општина Петровец.
![](https://petrovec.gov.mk/wp-content/uploads/2021/03/156940618_2953854991551038_5005635622077090136_o-1024x577.jpg)
Хуманитарни пакети беа поделени во населените места Петровец, Ржаничино, Катланово, Бадар и Кожле. Во периодот кој следи ќе се органазираат уште најмалку две вакви хуманитарни акции за социјално најранливите категории на семејства и во сите останати населени места кои гравитираат на територијата на Општина Петровец.