По повод Меѓународниот ден на жената 8-ми Март, денес градоначалникот Борче Митевски, заедно со Пратеничката во Собранието на Република Македонија – Марија Петрушевска, директорката на ООУ Кочо Рацин од Петровец – Виолета Јаневска и советничката од Советот на Општина Петровец – Валентина Андрејевска, на припадничките на понежниот пол им подаруваа цвеќиња.
Освен во јавните институции, подаруваа цвеќиња и на сите жени кои случајно минуваа по улицата, но исто така не беа заборавени и жените работнички од приватните фирми, колонијали, медицински персонал и сл. Со овој гест градоначалникот Борче Митевски на симболичен начин им го честиташе празникот на жената 8-ми Март.