По тој повод денес, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски беше во посета на Општина Петровец, односно во Мултифункционалната зона Ќојлија каде се сретна со градоначалникот на Општина Петровец – Борче Митевски. Тие заедно посетија дел од компаниите каде сопствениците изразија благодарност и задоволство од досегашната соработка со градоначалникот Борче Митевски и Општина Петровец.
![](https://petrovec.gov.mk/wp-content/uploads/2021/02/146684170_2934579706811900_2662927157844523472_o-1024x577.jpg)
Оваа средба беше проследена од голем број на новинари и претставници на медиумите, пред кои свое обраќање имаше и градоначалникот Митевски. Тој првенствено се осврна на влезот на 17-те нови инвеститори, кои сами по себе носат капитал но и нови вработувања, каде се очекува вработување на уште најмалку 500 невработени лица. Општина Петровец важи за една од најуспешните општини во Република Македонија каде и покрај потешкотиите кои ги прави самата пандемија со корона вирусот, влезот на инвестициите во Општина Петровец е во постојан подем.