Денес, градоначалникот Борче Митевски заедно со Пратеничката во Собранието на Република Македонија – Марија Петрушевска, беа во населено место Горно Коњари, каде одблиску се запознаа со сработеното околу инфраструктурата во населеното место. Ова населено место доби уште една нова улица целосно поплочена со павер елементи, која е со должина од 130 метри и просечна ширина од 4 метри. Финансиските стредства за изработка на оваа улица во целост беа обезбедени од Буџетот на Општина Петровец.
Градежните активности во Горно Коњари ќе продолжат и во иднина, со цел решавање на уште еден проблем што ги мачи жителите на ова населено место а тоа е крстосницата на патот кон селото Винци, која во време на поројни дождови истата се поплавува, што на пешаците и возачите им создава потешкоти во сообраќајот на овој дел од патот. Општина Петровец како во ова населено место така и во останатите населени места ќе продолжи со решавање на инфраструктурните проблеми се додека временските услови за овој период од годината го дозволуваат тоа.